Англискиот гигант Ливерпул ја испрати својата втора официјална понуда до Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец Флоријан Вирц, во обид да го осигура потписот на еден од најперспективните играчи во европскиот фудбал.
Според информациите на британските и германските медиуми, понудата на „црвените“ изнесува вкупно 130 милиони евра, од кои 117 милиони се во фиксна сума, а останатите 13 милиони евра се предвидени како бонуси базирани на постигнувања. Двата клуба во моментов преговараат за структурата на дополнителните плаќања, но на „Енфилд“ веруваат дека трансферот може да биде финализиран наскоро.
Претходната понуда на Ливерпул, која изнесуваше 100 милиони евра плус бонуси, беше одбиена од Баер Леверкузен, кој првично бараше 150 милиони евра за својата ѕвезда. Сепак, самиот Вирц веќе ја донел одлуката – тој сака да ја продолжи кариерата во Премиер – лигата, конкретно во редовите на Ливерпул.
Фудбалерот ја потврдил својата намера по средбата со новиот менаџер Арне Слот, одржана на 13 мај, а наводно веќе ги информирал и останатите заинтересирани клубови, меѓу кои се Баерн Минхен, Манчестер Сити и Реал Мадрид, дека негов избор е тимот од Мерсисајд.
Доколку трансферот се реализира, Вирц ќе стане најскапоплатеното засилување во историјата на Ливерпул, а можно е да стане и најскап трансфер во историјата на Премиер – лигата. Моменталниот рекорд го држи Енцо Фернандез, за кого Челси плати 106 милиони фунти на Бенфика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













