
Англискиот гигант Ливерпул сериозно се вклучи во трката за потписот на Мејсон Гринвуд, напаѓачот кој моментално настапува за Олимпик Марсеј. Според најновите информации, клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 70 милиони фунти за да го донесе младиот офанзивец во своите редови.
Гринвуд оваа сезона прикажа одлични партии во француската Лига 1, откако претходно имаше импресивен настап на позајмица во Хетафе. И покрај тоа што има важечки договор со Олимпик Марсеј до 2029 година, интересот за него расте, а Ливерпул се чини е најрешителен да го обезбеди неговиот потпис.
Доколку трансферот се реализира, дел од сумата ќе биде префрлена и на Манчестер Јунајтед, кој сè уште поседува процент од правата на играчот.
Останува да се види дали Олимпик Марсеј ќе биде подготвен да се откаже од еден од своите највредни фудбалери по само една сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal