
Ливерпул приреди вистинска фудбалска фешта на „Енфилд“. Со убедлива победа од 5-1 над Тотенхем, „црвените“ ја заокружија сезоната со шампионски печат, славејќи ја својата 20-та титула во историјата – и втората во ерата на Премиер – лигата. Четири кола пред крајот, Ливерпул е недостижен, а навивачите со право уживаат во заслуженото славје.
Иако Соланке во 12. минута ги шокираше домаќините носејќи водство за Тотенхем, Ливерпул експресно одговори – Луис Дијаз израмни, а потоа Мекалистер и Гакпо целосно го свртеа резултатот во првиот дел, обезбедувајќи комотно водство од 3-1.

Во второто полувреме, шоуто продолжи – Мохамед Салах во 63. минута зголеми на 4-1, а само неколку минути подоцна, несреќниот Удоги си постигна автогол, ставајќи финален печат на триумфот.
На „Енфилд“ и во целиот град, вечерва ќе се слави долго…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Забарњи и Бералдо донесоа победа за ПСЖ

Евро-фудбал
Палиња го извлече Тотенхем од пораз (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со три бода се враќа од Сардинија (ВИДЕО)
