Офанзивецот на Вест Хем, Мохамед Кудус (24), најверојатно ќе го напушти клубот летово, а битката за неговиот потпис веќе се води меѓу три англиски гиганти, Ливерпул, Челси и Арсенал.
Според британските медиуми, репрезентативецот на Гана е на листата на желби на сите три клуба, а цената по која би можел да замине е околу 60 милиони евра – значително пониска од неговата откупна клаузула од 85 милиони.
Ситуацијата ја следи и Ал-Наср од Саудиска Арабија, кој е подготвен да му понуди огромна плата за да го намами на Блискиот Исток.
Кудус е ценет поради неговата флексибилност – може да игра и како десно крило и како офанзивен играч во средниот ред. Иако добиваше критики оваа сезона, англиските клубови гледаат во него огромен потенцијал и веруваат дека може да стане една од ѕвездите на Премиер лигата.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, наводно е голем обожавател на играта на Кудус. По победата на Ливерпул со 2-1 против Вест Хем на „Енфилд“, Слот го нарече Кудус „извонреден играч“.
Кудус пристигна во Вест Хем во 2023 година од Ајакс за 38 милиони евра. За репрезентацијата на Гана има одиграно 42 натпревари и постигнато 12 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













