Connect with us

Лирој Сане ја одбил новата понуда на Баерн, блиску е до заминување

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, изјави дека Лирој Сане „не сака да ја прифати“ понудата за нов договор.

29-годишниот фудбалер доби понуда за нов договор со намалена плата од 10 милиони евра, плус бонуси, во износ од 5,5 милиони евра, но засега германскиот репрезентативец не е подготвен да ја прифати понудата. Еберл вели дека Сане не сака да го прифати моменталниот предлог од клубот, но нагласува дека нема „лоши односи“ и верува дека крилниот напаѓач сака да остане во клубот.

„Тој кажа во саботата дека не сака да ја прифати нашата понуда во ваков облик. Нема лоши односи. Понудата е на маса. Го искажавме нашето мислење. Барем според мене, се чувствува дека Лерој сака да остане. Сега ќе видиме што ќе се случи во наредните денови“, изјави Макс Еберл за „Скај Спорт Германија“.

Токму кога се чинеше дека Сане, кој беше поврзуван со Арсенал, ќе го продолжи договорот со Баерн, поранешниот играч на Манчестер Сити го смени својот агент, а преговорите оттогаш се во застој. Се чини дека заминување од Баерн летово е многу веројатно за германскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови