Connect with us

Левандовски: Тешка беше одлуката да заминам од Баерн Минхен

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски конечно го реализира трансферот од Баерн Минхен во Барселона и ја исполни својата желба да заигра во Ла Лига. Вели дека одлуката за таков чекор била навистина тешка по одличните години поминати на „Алијанц арена“.


„Одлуката ја донесов одамна, но тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Сакав да заиграм во друга голема лига, но и заедно со семејството да живееме на друго место. Верувам дека можам да дадам многу во дресот на Барселона иако сите велат дека наскоро ќе наполнам 34 години. Мислам дека можам уште неколку години без проблем да играм на врвно ниво“, изјави Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови