Интер Мајами продолжува да гради импресивна екипа со звучни имиња од светскиот фудбал, а според најновите информации од шпанските медиуми, следниот голем потпис би можел да биде Лука Модриќ.
Лионел Меси го поканил хрватскиот ветеран да му се приклучи во Мајами. Двајцата се добри пријатели и имаат огромна почит еден кон друг, па не е изненадување што токму Меси е клучниот фактор во оваа потенцијална зделка.
Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на оваа сезона, но се појавија гласини дека истиот би можел да се продолжи до јули 2025 година поради Светското клупско првенство. Сепак, со намалена минутажа оваа сезона и конкуренција во средниот ред, не би било чудно доколку реши да замине.
Модриќ носи бел дрес веќе 12 години, откако во 2012 година пристигна од Тотенхем и стана една од иконите на клубот.
Ако се случи овој трансфер, Интер Мајами би го добил еден од најинтелигентните плејмејкери на генерацијата и би ја засилил својата веќе ѕвездена средина, која ги вклучува и Серхио Бускетс и Жорди Алба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













