
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за јунскиот предизвик. Нашите најдобри фудбалери се целосно фокусирани и подготвени за двата претстојни клучни натпревари во мундијалските квалификации против Белгија дома и протув Казахстан на гости, во Астана.
„Не е крај на сезоната само за нас, туку и за нив. Мислам дека тоа не треба премногу да влијае на играта. Се фокусираме на максимален пристап против Белгија, ќе бидеме подготвени“, истакнува Костадинов.
Македонија прво ќе го пречека фаворитот Белгија на домашен терен на 6 јуни во 20.45 часот, а потоа ќе патува во Казахстан, каде на 9 јуни ќе се сретне со селекцијата на оваа земја во Астана.
„Имаме малку повеќе време за подготовка и треба да го искористиме. Сфаќаме дека играме два многу важни меча. Свесни сме дека испуштивме важни два бода против Велс, но животот продолжува и мора да гледаме напред.“
Костадинов истакна дека мотивацијата никогаш не изостанува кога се носи дресот на националниот тим.
„Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија, без оглед на заморот и повредите. Селекторот бара да сме максимално ангажирани. Многумина мислат дека Белгија сега е послаба селекција, но тие отсекогаш имале фантастични фудбалери и претставуваат сила во светски рамки“, посочи играчот од средниот ред.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
