Connect with us

Клоп: Ова беше најдобриот Ливерпул оваа сезона

Ливерпул одигра фантастично против Лидс на гости, славеше со 1-6 и тоа предизвика насмевка кај менаџерот Јирген Клоп. Тоа е прв триумф за „црвените“ на последните пет меча во Премиер-лигата, а германскиот стратег вели дека е најдоброто издание на тимот оваа сезона.


„Не знам од каде да почнам, одигравме брилијантно. Ја контролиравме топката самоуверено и смирено. Нашиот контранапад беше најдобар во изминатите неколку години. Мислам дека на многу начини ова беше нашиот најдобар натпревар од почетокот на сезоната. Ги испровоциравме грешките на противникот и постигнавме прекрасни голови“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул со овој триумф повторно се надева и на пласман во Лигата на шампионите, иако заостанува многу во однос на Њукасл.

„Топ 4? Тоа зависи и од резултатите на другите тимови. Брајтон е сѐ уште пред нас. Го гледаме и Њукасл. Потребни ни се добри резултати и потоа ќе го видиме пласманот на крајот од сезоната“, истакна Клоп.

Ливерпул се наоѓа на осмото место со 47 бода, а четвртопласираниот Њукасл има 56.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови