
Информацијата дека Јирген Клоп постигнал договор за да стане нов тренер на Рома не е вистинита, категорично изјави неговиот агент Марк Косичке.
Италијанското издание „Ла Стампа“ пренесе вест дека германскиот стратег е пред ангажман на „Олимпико“, но Косичке ја демантираше оваа информација.
„Ова не е вистина“, беше јасен агентот на Клоп.
Рома во моментов е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Клаудио Раниери, кој се повлекува од функцијата. Од друга страна, Клоп во моментов ја извршува улогата на глобален фудбалски директор во организацијата „Ред Бул“, позиција што ја презеде по заминувањето од Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
