Connect with us

КЛ: Триумф за Трабзон, Фиорентина веќе во следната рунда (ВИДЕО)

Фиорентина е на чекор до следната рунда во Конференциската лига на УЕФА откако славеше на гости против Брага со 0-4. Лука Јовиќ донесе водство во 45.минута, а на почетокот на вториот дел Брага остана со фудбалер помалку откако црвен картон доби Тормена.

Лука Јовиќ постигна втор гол во 60.минута, а до крајот и Артур Кабрал беше двоен стрелец.

Трабзонспор го победи Базел со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Јенс Стригер Ларсен во 65.минута, а Енис Барди остана на клупата за резерви.

Карабах славеше против Гент со 1-0, а Бодо-Глимт и Лех Познањ ремизираа без голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови