Кевин де Бруин, легендарниот капитен на Манчестер Сити, изгледа дека нема да ја напушти Премиер лигата ова лето, и покрај тоа што нема да го продолжи договорот со „граѓаните“ и ќе го напушти „Етихад“ по завршувањето на сезоната.
Иако заминува од Сити, Белгиецот верува дека сè уште има што да понуди во англискиот фудбал и сериозно размислува да остане на Островот и понатаму.
Според информациите од Англија, интерес за Де Бруин воопшто не недостасува. Наводно, неговите претставници веќе имале прелиминарни разговори со Астон Вила, клуб што е во подем и има амбиции за повисоки цели.
Тој призна дека наскоро ќе донесе конечна одлука, но прво сака да разговара со своето семејство.
„Во фудбалот ништо не се решава за една недела. Сè уште не сум разговарал со семејството откако ја донесов одлуката да заминам. Прво сакам да разговарам со нив, да видам кој клуб навистина ме сака. Немам идеја уште. Ако некој клуб дојде и ме убеди дека има добар спортски проект… добро, знам дека веќе не сум толку млад“, изјави 33-годишниот Де Бруин.
Со вакви размислувања, изгледа дека Белгиецот не е блиску до заминување во Саудиска Арабија или САД, туку сака да остане конкурентен на највисоко ниво барем уште една сезона. Астон Вила би можела да биде интересна дестинација, особено со оглед на европските амбиции на тимот под водство на Унаи Емери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













