
Кевин Де Бруин најверојатно нема да учествува на претстојното Светско клупско првенство, бидејќи сака да се фокусира на својата иднина и да го финализира трансферот во нов клуб, пренесуваат медиумите на Островот. 33-годишниот Белгиец сака да го прескокне турнирот во САД затоа што стравува дека евентуална повреда би можела да го загрози неговиот трансфер.
Договорот на играчот за врска со Манчестер Сити истекува на 30 јуни.
Формално, тој има обврска да учествува на натпреварувањето што започнува на 14 јуни, а доколку Сити се пласира во финалето на 13 јули, клубот има право еднострано да го продолжи неговиот договор за уште две недели. Се очекува Де Бруин да одржи разговори со раководството, надевајќи се дека ќе добие дозвола да го прескокне турнирот и да се фокусира на следниот чекор во својата кариера.
Првото проширено Светско клупско првенство ќе обедини 32 екипи од целиот свет. Манчестер Сити ќе игра против мароканскиот Видад, азискиот шампион Ал-Аин и италијанскиот Јувентус во групната фаза.
Ако Де Бруин не го облече повторно дресот на Сити ова лето, можеби ќе одигра само уште неколку натпревари за клубот. Белгиецот и понатаму останува клучна фигура за Пеп Гвардиола во борбата за трофеј, а викендов ќе биде едно од главните оружја на тимот во полуфиналето од ФА Купот против Нотингем Форест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal