Фудбалската репрезентација на Казахстан речиси цела ноќ остана заглавена на аеродромот во Скопје поради проблеми со визите за влез во државата. Авионот на Казахстанците пристигнал околу три часот наутро, а набрзо експедицијата сфатила дека нема така брзо да добие визи за влез во Македонија.
Наводно, на Казахстанците им било најавено дека ќе добијат визи на аеродром за да можат непречено да влезат во Македонија, но поради недостиг на комуникација меѓу амбасадата и Министерството за надворешни работи, работата не била завршена добро. Ситуацијата ја спасувал претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, кој лично, заедно со уште неколку вработени од ФФМ, веднаш се упатиле на аеродромот и побарале од надлежните институции по итна постапка да бидат издадени визи на сите членови на казахстанската фудбалска експедиција.
По четиричасовно чекање, фудбалерите и стручниот штаб на Казахстан, во седум часот наутро сепак добиле визи и можеле да влезат на македонско тло, а потоа се упатиле кон хотелот каде ќе бидат сместени. Непотребно малтретирање за гостите кои треба да бидат вториот ривал на фудбалската репрезентација на Македонија во подготовките за Европското првенство.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski