Легендарниот аргентински голман Убалдо Фиљол, учесник на три светски првенства и светски шампион од 1978 година, беше примен во „Салата на славните“ на светскиот фудбал. Церемонијата се одржа во мексиканскиот град Пачука.
Освен Фиљол, примени беа уште шест фудбалски легенди, вклучувајќи уште двајца голмани. Покрај поранешниот играч на Ривер Плата, добитници на ова признание за 2025 година се: Икер Касилјас, Рене Игита, Карлос Дунга, Диего Форлан, Роналд Куман и Гари Линекер.

За време на гала вечерта, светскиот шампион од 1978 година доби бурни аплаузи кога се искачи на сцената, каде му беше врачено традиционалното сако што ги одликува новите членови. Видливо возбуден, 75-годишниот Фиљол изјави:
„Навистина сум среќен и многу благодарен. Ова беше сон што сакав да се оствари. Благодарам на Хесус Мартинес и Антонио Морено од компанијата „Групо Пачука“ што ми ја дадоа оваа можност.“
„Сакам да ја споделам оваа прекрасна награда со моето семејство, со сите присутни голмани и да оддадам почит на оваа тешка позиција. Но, исто така и со моите соиграчи и тренерскиот тим од 1978 година, оној неверојатен тим што ѝ донесе на нашата земја прва титула“, продолжи Фиљол со треперлив глас.
По него на сцената се искачи Гери Линекер, кој повторно го покажа својот незаменлив хумор. Откако ја прими статуетката, англискиот напаѓач рече:
„Оваа награда многу ми значи, особено бидејќи се доделува тука, каде играв на едно незаборавно Светско првенство. Постигнав шест гола и учествував во еден од најпознатите натпревари на сите времиња: против Аргентина на Марадона, Божјата рака и голот на сите голови. И го постигнав оној гол, кој никој не го памети, хахаха.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













