Лоши вести за Реал Мадрид. Едуардо Камавинга сигурно ќе го пропушти финалето на Купот на Кралот против Барселона, а според шпанските медиуми, сезоната за него е веќе завршена. Официјално е потврдено дека Французинот има целосно кинење на тетивата на левиот адуктор, што значи дека нема да може да настапи ниту на Светското клупско првенство.
Камавинга влезе во второто полувреме против Хетафе, заменувајќи го повредениот Давид Алаба. Но, пред крајот на натпреварот почувствува болка и не можеше да продолжи, оставајќи го тимот со играч помалку, бидејќи Анчелоти веќе ги искористи сите измени.
Сè уште нема детали за сериозноста на повредата на Алаба, но ситуацијата не изгледа добро за „кралевите“ пред најважниот дел од сезоната, со оглед дека следува финале со Барселона, како и финиш на сезоната во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













