Connect with us

Јуве го претстави Лоис Опенда

Јувентус официјално ја засили својата офанзива со белгискиот репрезентативец Лоис Опенда. „Бјанконерите“ постигнаа договор со Лајпциг за трансфер на 25-годишниот напаѓач, кој пристигнува најпрво како позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп под релативно лесни услови. Вкупната вредност на зделката ќе надмине 40 милиони евра, а Опенда ќе го носи дресот со број „20“.

Белгиецот во 2023 година од Ленс се пресели во Лајпциг, каде што одигра 93 натпревари, постигна 41 гол и запиша 18 асистенции.

Во последниот ден од преодниот рок, Јуве претстави уште едно ново засилување – косовскиот репрезентативец Едон Жегрова, кој дојде од Лил за 20+5 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови