
Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, по неколку години би можел да се врати во лондонскиот клуб, бидејќи неговиот поранешен играч Микел Артета сака да го види до него. Венгер го напушти Северен Лондон по повеќе од две децении во мај 2018 година, но оттогаш не најде нова тренерска работа, па младиот шпански стручњак би сакал да има вредна помош.
Артета работеше пет години под команда на Венгер во Арсенал и смета дека помошта на Французинот би била добредојдена во искушенијата што му претстојат.
На почетокот на овој месец, Венгер во интервју за „Скај Спорт“ изјави дека не исклучува враќање на тренерската работа, а Артета неодамна не ја криеше желбата.
„Големо задоволство е да се видиме и да разговараме со него. Се надеваме дека ќе се зближиме затоа што мислам дека би уживал во средината што може да ја создаде за себе од почит кон целиот клуб врз основа на она што го правеше како тренер“, изјави Артета.
Артета не сакаше да зборува за потенцијалната нова улога на Венгер во клубот, но нагласи дека сега се е на Французинот, иако тој и сите во клубот го чекаат со раширени раце.
Венгер за 22 години во Арсенал освои три титули во Премиер-лигата и седум трофеи во ФА купот, а особено ќе остане запаметен по сезоната 2003/2004 кога без пораз стигна до тронот во Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
