Симоне Инзаги не го криеше разочарувањето по поразот од Милан со 0-3, по што Интер беше елиминиран од полуфиналето на Купот на Италија. По ова, Милан ќе игра финале за трофејот.
„Тоа е фудбалот – мора да му оддадеме признание на Милан“, изјави Инзаги. „Жалам за нашите навивачи, кои дојдоа во голем број да нѐ бодрат.“
Тој смета дека Интер имал шанси во првото полувреме, но потоа тимот паднал.
„Во првото полувреме креиравме многу и заслуживме повеќе. Во второто примивме гол по корнер, немавме среќа, а потоа направивме многу помалку отколку во првиот дел.“
Тренерот на „нероаѕурите“ укажа и на акумулираниот физички и ментален умор на тимот.
„Мораме да ги анализираме двата порази на правилен начин. Не заслуживме да загубиме во Болоња, а против Милан останавме без енергија во второто полувреме.“
Сега фокусот на Интер останува трката за титулата во Серија А, но и полуфиналните дуели од Лигата на шампионите против Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













