
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, верува дека финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен ќе го одлучат малите детали и индивидуалните ситуации на теренот. Тој откри дека екипата е комплетна, а веќе во вторник ќе има средба со раководството на клубот за својата иднина.
„Се подготвувавме на поинаков начин во однос на финалето во Истанбул пред две години. Секој натпревар има своја приказна. Посветивме големо внимание на сите детали со напорна работа. Сите мои фудбалери се подготвени – да чукнам во дрво. Ова ми се има случено само трипати сезонава, па тоа ми дава голема сигурност. Горд сум што ги тренирам овие момци“, изјави Инзаги на официјалната прес-конференција.
Finally, we're here 🏟️#ForzaInter #UCLFinal #ParisInter pic.twitter.com/QomeWDtlI9
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) May 30, 2025
Тој истакна дека финалето претставува исполнување на детска желба.
„Ова е натпревар во кој сонував да играм како дете. Не ми успеа како играч, но двапати стигнав до финале како тренер. Ова е посебен момент. Знаеме дека натпреварите од ваков калибар не ги добиваат имињата, платите или вредностите на составот, туку деталите и концентрацијата.“
Инзаги не го криеше респектот кон противникот.
„Пари Сен Жермен е исклучително квалитетен тим кој заслужено стигна до финалето. Ќе мораме да бидеме технички совршени, со добар дриблинг и што подолго да ја држиме топката далеку од нив. Ќе биде потребна агресивност, јасна мисла и голема концентрација. Финалето се добива со срце, сила и верба – и моите момци го имаат тоа.“
На крајот, Инзаги потврди дека разговорите за својата иднина ќе ги води веднаш по натпреварот.
„Во вторник ќе седнеме и ќе разговараме со раководството. Ќе ја донесеме одлуката која е најдобра за Интер. Засега сум целосно фокусиран на тоа што нѐ чека утре – најважниот натпревар во сезоната.“
Интер ќе се обиде по 15 години повторно да се закити со титулата европски шампион, додека ПСЖ ќе го брка својот прв трофеј во најелитното натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal