Италијанскиот калчолигаш Интер повторно го насочи вниманието кон аргентинскиот интернационалец Родриго де Пол од Удинезе. Тренерот Антонио Конте сакаше да го доведе Де Пол и пред почетокот на сезоната, но тој сепак остана во Удине. Сега е најавено негово заминување, а силно заинтересиран е и англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед чиј член е Езгјан Алиоски.
Сепак, Интер притиска Де Пол да пристигне на „Џузепе Меаца“ и подготвен е да плати 30 милиони евра за да го доведе во јануари. „Нероаѕурите“ сакаат да го засилат тимот за да бидат конкурентни во трката за „скудетото“ со Милан и со Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула, Шкендија мина втора низ целта и ќе...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal