Connect with us

Ибрахимовиќ е роден за рекорди: Стана најстариот „росонер“ кој заиграл во Серија А

Милан оствари триумф против Аталанта со 2-0, а на мечот на „Сан Сиро“ по деветмесечна пауза на терените се врати Златан Ибрахимовиќ. Шведаскиот ас влезе во игра во 74.минута на местото на Оливие Жиру и веднаш собори рекорд.


Тој стана најстариот фудбалер на Милан во Серија А во периодот откако за победа се добиваат три бода. Шваѓанецот заигра на возраст од 41 година и 146 дена.

Пред Златан Ибрахимовиќ, овој рекорд го држеше Алесандро Костакурта кој последен пат настапи со 41 година и 25 дена.

Ибрахимовиќ за првпат заигра оваа сезона, откако во мај минатата година заработи тешка повреда на коленото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови