
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (3-0) од Хрватска на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот „Рујевица“ во Ријека. Хрватите се сериозно поквалитетни и тоа успеаја да го потврдат на денешниот дуел, иако им недостасуваа и фудбалери како Модриќ, Брозовиќ, Пашалиќ. Ние го немавме капитенот Енис Барди во средниот ред и тоа многу се почувствува.
Ловро Мајер беше човек на натпреварот. Тој постигна два гола и го донесе триумфот за Хрватска.
Во десеттата минута Ловро Мајер одлично изведе слободен удар од 25 метри и ја погоди мрежата на Столе Димитриевски.
Пред крајот на првото полувреме, Ловро Мајер постигна и втор погодок за Хрватска во 45.минута. По одличната акција и проигрувањето од Бруно Петковиќ, Мајер погоди на вистинското место.
Вториот дел исто така и припадна на Хрватска, која го контролираше мечот и резултатот, а Македонија не успеа да создаде ниту една сериозна шанса пред противничкиот гол.
🇪🇺 Goal: Marco Pasalic | Croatia 3-0 North Macedoniapic.twitter.com/czSMhYITLv
— PushGoals (@PushGoals) June 3, 2024
Марко Пашалиќ во 80.минута постигна и трет гол за Хрватска.
Македонија на 10.јуни ќе одигра пријателски натпревар и против репрезентацијата на Чешка, во Храдец Кралове.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
