Досегашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, се прости од клубот во кој ги помина последните 12 години од кариерата и се приклучи на Ал-Етифак на Стивен Џерард. Со овој потег, играчот од средниот ред стана најплатениот англиски фудбалер во историјата.
Платата што Хендерсон ја договорил е 700.000 фунти неделно или 36 милиони фунти годишно. Тоа е речиси четири пати повеќе отколку што заработуваше на „Енфилд“ досега. Доколку го исполни договорот, кој ќе биде за три сезони, 33-годишниот играч ќе добие над 100 милиони фунти плата.
Заработката на Хендерсон е речиси двојно поголема од онаа на Маркус Рашфорд, кој беше најплатениот англиски фудбалер досега. Откако пред десет дена потпиша нов договор, ѕвездата на Манчестер Јунајтед заработува 375.000 фунти неделно. Неговиот тимски колега Џејден Санчо заработува по 350.000 фунти седмично.
И уште една интересна споредба, Хендерсон ќе биде платен трипати повеќе од капитенот на Англија, Хари Кејн, кој моментно игра за Тотенхем за 200.000 фунти неделно и од новата ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем, чија плата е 220.000 фунти за една седмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













