Ајакс и Џон Хеитинга ги усогласија сите детали, поранешниот асистент на Арне Слот во Ливерпул ќе го преземе кормилото на славниот амстердамски клуб. Договорот е подготвен за потпис и ќе важи во следните две сезони.
На почетокот од неделата, Ливерпул официјално му даде зелено светло на Хеитинга да отпатува во Холандија, каде што успешно ги заврши преговорите со клубот во кој ја започна и ја заврши својата играчка кариера.
Хеитинга е вистински „производ“ на Ајакс. За првиот тим дебитираше во раните 2000-ти, а по неколку меѓународни авантури, се врати во 2014 година за да се збогува од фудбалот токму на „Јохан Кројф Арена“. Веднаш потоа започна тренерска кариера во младинските селекции, а во 2023 година кратко го водеше и првиот тим.
Минатата сезона ја мина на „Енфилд“ како дел од стручниот штаб на Арне Слот, но сега се враќа во позната околина. Ајакс остана без тренер по заминувањето на Франческо Фариоли, кој самиот побара раскин на договорот по само една година, отворајќи пат за враќањето на Хеитинга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













