
Tренерот на Барселона, Ханси Флик, го освои својот втор трофеј на чело на тимот. Каталонците го совладаа Реал Мадрид со 3-2 по продолженија во исклучително возбудливо финале на Купот на Кралот, а Германецот не штедеше пофалби за своите фудбалери.
„Среќен сум за тимот, затоа што сите момчиња работеа многу напорно. Нивната посветеност и играта што ја прикажаа се восхитувачки. Горд сум на нив“, изјави Флик по натпреварот.
„Да се освои трофеј секогаш е нешто посебно, особено во ваков меч и против противник како Реал Мадрид. Да не ја заборавиме и поддршката од нашите навивачи – на трибините имаше 26.000 наши приврзаници кои ја заслужија радоста“, додаде Германецот.
„Сега ќе ја прославиме победата, а потоа што е можно побрзо ќе се обидеме да се опоравиме. Тројната круна е можна, но мора да продолжиме да работиме како досега“, порача Флик.
Поранешниот тренер на Баерн Минхен сè уште нема изгубено финале во својата кариера. Со баварците освои две титули во Бундес-лигата, како и Купот и Суперкупот на Германија, а ги освои и трофеите во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Со Барселона веќе го освои Суперкупот на Шпанија и Купот на Кралот. Неговиот биланс во финалиња е 9 победи од 9 натпревари.
Флик има 100% успешност и во дуелите со Карло Анчелоти. Германецот излезе како победник во сите три средби меѓу нив, со гол-разлика 12:4.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal