
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, призна дека „мора да го промени своето однесување“ поради црвениот картон кој го доби во драматичната победа над Џирона во Ла Лига. Германскиот стратег беше исклучен поради бурни реакции кон судиите, а во завршницата од натпреварот направи и непристоен гест по голот на Роналд Араухо кој ѝ ја донесе победата на Барса.
„Не сум нервозен човек, но можеби моите емоции сега се поинакви. Се сеќавам кога како тренер на Баерн Минхен победивме со 8-2 против Барселона – дури и при третиот или четвртиот гол, едвај реагирав. Луѓето велеа дека никогаш не се насмевнувам“, изјави Флик на прес-конференција.
„Сега покажувам повеќе емоции, тоа е вистина – овој клуб ме промени целосно. Навистина го сакам и давам сè од себе. Но, кога се гледам на телевизија во таква состојба, не ми се допаѓа тоа што го гледам. Не сакам моите внуци да го гледаат дедо им така. Веројатно морам да се променам“, додаде Германецот.
Во пресрет на дуелот со Олимпијакос во Лигата на шампионите, Флик се осврна и на проблемите во дефанзивата на тимот.
„Кога го анализиравме натпреварот со Џирона, повторно забележавме нешто што го споменувам често – позиционирањето. Мора да го најдеме вистинското растојание меѓу играчите, бидејќи сега сме предалеку еден од друг. Така трчаме премногу, а тоа им дава повеќе време на противниците“, објасни тој.
„Тоа нè убива во одбраната, затоа мора да го подобриме позиционирањето и да излегуваме повисоко кога играме пресинг“, истакна тренерот на каталонците.
Барселона се соочува со сериозни кадровски проблеми – надвор од строј се Роберт Левандовски, Дани Олмо, Гави, Жоан Гарсија и голманот Марк-Андре тер Штеген. Повредени се и Бразилецот Рафиња и Шпанецот Феран Торес, но Ханси Флик се надева дека токму тие двајца ќе бидат подготвени за Ел Класико против Реал Мадрид следната недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)
