Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, за првпат призна дека теоретски е можно да се врати на „Енфилд“. Германецот замина во 2024 година по девет години во кои целосно го трансформира клубот. Неговиот наследник, Арне Слот, ја освои титулата во Премиер – лигата во првата сезона на клупата на Ливерпул, но од почетокот на актуелната сезона тимот се соочува со значителни потешкотии.
Во интервју за подкастот на Стивен Бартлет „Дневник на еден извршен директор“, снимено пред вчерашното дерби со Манчестер Јунајтед, во кое Ливерпул забележа четврта последовна пораз во сите натпреварувања, Клоп изјави дека е можно некогаш да се врати, но тоа нема да се случи наскоро, ако воопшто се случи.
„Реков дека никогаш нема да бидам тренер на друг тим во Англија, што значи дека ако зборуваме за Ливерпул, теоретски е возможно. Не знам точно што би било потребно за тоа да се случи. Го сакам тоа што го работам сега. Не ми недостасува тренерската работа. Не ми недостасува да стојам во дожд два и пол часа, да одам на прес-конференција трипати и да имам по 12 интервјуа неделно. Кој би сакал такви нешта? Јас не. Не ми недостасува.“
„Имам 58 години, па можам да донесам одлука и по неколку години. Благодарение на Бога, не треба денес да решавам дека никогаш повеќе нема да бидам тренер. Не е потребно. Можам едноставно да видам што ќе ми донесе иднината. Сега сум дел од проект кој навистина го сакам. Ми се допаѓа тоа што го правам сега. Мислам дека можам тоа да го правам навистина добро“, сподели Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













