Реал Мадрид најверојатно нема да доведе нови засилувања во зимскиот трансфер-прозорец, но може да има играчи кои ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“. Еден од нив е 19-годишниот бразилски напаѓач Ендрик, кој од почетокот на сезоната добива многу малку шанси за настап.
Гонзало Гарсија е вториот избор зад Мбапе, па Реал не планира да се раздели со него. Тоа го става Ендрик во незавидна позиција, особено со оглед на неговата желба да игра за Бразил на Светското првенство 2026.
Според „Л’Екип“, Ендрик е отворен за трансфер во Олимпик Марсеј, кој уште летово покажа интерес. Сè уште не е јасно дали станува збор за позајмица или траен трансфер, но најверојатно Реал ќе дозволи само позајмица со гарантирани редовни настапи за играчот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













