Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, откако беше исклучен поради несоодветно однесување на мечот со Џирона (2-1). Германецот доби црвен картон во судиското продолжение, а дополнително го налути дисциплинското тело на Ла Лига со неприличен гест кон судијата, што сигурно ќе резултира со сериозна казна.
Инцидентот се случи во завршницата на натпреварот, кога Флик бурно реагираше на одлуката на судијата Хесус Хил Мансано да додаде само четири минути надополнување, иако во второто полувреме имаше бројни прекини. Тренерот прво доби втор жолт, а потоа и црвен картон.
Flick mandando a mamar al árbitro y Raphinha diciendo “hijo de puta” es el mejor clip del año pic.twitter.com/UMfHurmez9
— Jeff (@JeffFcb14) October 18, 2025
По победничкиот гол на Роналд Араухо во 93. минута, камерите го уловија Флик како слави бурно, правејќи навредлив гест кон судијата – потег кој не остана незабележан.
Последиците пристигнаа брзо: Дисциплинската комисија на Ла Лига го суспендираше Флик за наредниот натпревар, што значи дека Барселона ќе влезе во „Ел Класико“ без својот стратег на клупата. Дополнително, Германецот треба да добие казна и за својата скандалозна прослава на голот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













