Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Родри, ќе ги пропушти претстојните натпревари оваа недела против Вилјареал и Астон Вила, бидејќи сè уште не е закрепнат од повредата на бутниот мускул која го мачи во последните недели. Ова го изјави менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, пред гостувањето кај Вилјареал во Лигата на шампионите во вторник.
29-годишниот Родри, кој речиси ја пропушти целата мината сезона поради тешка повреда на коленото, ја доби сегашната повреда на натпреварот против Брентфорд на 5 октомври. Тој не настапи и за Шпанија во светските квалификации против Грузија и Бугарија, како и на мечот на Сити против Евертон изминатиот викенд.
„Не мислам дека Родри ќе биде подготвен за натпреварите против Вилјареал и Астон Вила. Неговата повреда не бара долгорочно отсуство, но се работи за мускулен проблем и мораме да бидеме внимателни“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити освои четири бода од првите два натпревари во Лигата на шампионите, додека во англиското првенство тимот е на второто место со 16 поени, три бода зад лидерот Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













