Интер Мајами блескаше на гостувањето кај Нешвил, каде што со убедливи 5-2 стави точка на регуларниот дел од сезоната во МЛС. Главната ѕвезда повторно беше Лионел Меси, кој со хет-трик уште еднаш покажа дека годините за него се само бројка.
Ова беше јубилеен 60-ти хет-трик во блескавата кариера на аргентинската легенда, кој и натаму е кошмар за секоја одбрана што ќе се обиде да го запре. Со овие три гола, Меси ја заврши сезоната со 29 погодоци, со што сосема заслужено ја освои „Златната копачка“ како најдобар стрелец на лигата.
Но тоа не е сè – мајсторот од Росарио забележа и 19 асистенции, што значи дека директно учествуваше во 48 голови на Интер Мајами оваа сезона – бројка што ја опишува целата негова магија.
Се очекува Меси да биде прогласен и за МВП на регуларниот дел од сезоната, што би било историски момент – тој би станал првиот фудбалер кој ја освојува оваа награда две години по ред. Минатата сезона, токму под негово водство, Интер Мајами ја испиша најуспешната страница во својата историја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













