Македонскиот голман Дамјан Шишковски имаше викенд за паметење, откако со своите одбрани беше клучниот човек во победата на Борац над Вележ со 1-0. Благодарение на неговата извонредна форма, Шишковски заслужено го доби признанието за најдобар играч на колото во босанското првенство.
Во текот на натпреварот, тој неколку пати интервенцираше блескаво, спречувајќи сигурни голови и обезбедувајќи му на својот тим вредни три бода. Со оваа победа, Борац по десет одиграни натпревари останува лидер во првенството со скор од осум победи, едно реми и само еден пораз.
Во идеалниот тим на колото место најде и уште еден Македонец — Матеј Цветаноски, кој со Железничар беше меѓу најзаслужните за минималниот триумф од 1-0 над Посушје.

-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













