Игор Тудор се наоѓа на стаклена клупа во Јувентус. По пет нерешени меча во последните пет кола, хрватскиот стратег има тешка задача – гостувања кај Комо во Серија А и кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Лоши резултати би можеле да го направат поранешен тренер на „старата дама“.
Италијанскиот новинар Матео Морето откри дека Тудор нема добри односи со спортскиот директор Дамиен Комоли, а неговата работа се следи внимателно. Летово Јувентус ја разгледувал и опцијата за Џанпјеро Гасперини, но тој веќе дал збор на Рома.
Во меѓувреме, Роберто Манчини се најде на листата кандидати за тренер на Нотингем Форест, кој го отпушти Анге Постекоглу, но исто така се споменува и како можен наследник на Тудор во Јувентус.
Тудор ја презеде клупата на 23 март и досега има биланс од десет победи, осум ремија и три порази во 21 натпревар.
Следните неколку недели ќе бидат клучни за иднината на Јувентус и Тудор на клупата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













