Ливерпул летово го донесе Флоријан Вирц со голема инвестиција – 116 милиони евра за еден од најталентираните германски офанзивни играчи. Меѓутоа, по неколку месеци, 22-годишниот офанзивен играч за врска сѐ уште не го најде својот ритам. Во 11 настапи во Премиер-лигата има само една асистенција, а „црвените“ се во серија од три порази на домашната сцена и четири ако се вклучи и поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите.
Навивачите се стрпливи, но разочарани – Вирц не е играч без квалитет, туку едноставно сè уште не се вклопува во динамиката на англискиот фудбал.
Во неговата одбрана застана селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, кој потенцираше дека Вирц создава најмногу шанси во Премиер-лигата, и дека бројките не ја покажуваат целата вистина.
Интересно, Вирц е на радарот на поранешниот тренер, Чаби Алонсо, кој сега е во Реал Мадрид. Шпанецот го следи внимателно и не ја исклучува можноста за трансфер на лето, сметајќи дека Вирц би можел да се врати и да блесне во „кралскиот клуб“.
Засега, Ливерпул и Вирц ќе мораат да продолжат да работат на прилагодување, додека сите очи остануваат вперени во неговиот следен настап.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













