Германскиот стратег Дени Рол е новиот менаџер на Глазгов Ренџерс, славниот шкотски клуб за кој настапува македонскиот напаѓач Бојан Миовски.
Рол, кој претходно беше на клупата на Шефилд Венсдеј, негов прв ангажман како главен тренер, потпиша договор на две и пол години.

Кариерата ја започна во Лајпциг, а како помошник на Ханси Флик во Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите и Бундес-лигата. Со Флик работеше и во германската репрезентација на Светското првенство во 2022 година.
Дебито на Рол на клупата на трофејниот Ренџерс ќе биде во четврток, против Бран во Лигата на Европа.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













