Connect with us

Хандановиќ уште една година во Интер

Интер соопшти дека го обновил договорот со својот голман Самир Хандановиќ, кој ќе остане во клубот уште една сезона. Досега 37-годишниот Словенец одигра 438 натпревари за „нероаѕурите“ со 451 примен гол и 161 „мирна мрежа“. Со миланскиот гигант освои по едно „скудето“, Куп и италијански Суперкуп.


Самир Хандановиќ цела деценија е дел од Интер.

„Пред десет години се приклучив на врвен клуб и сè уште сум во овој врвен клуб. Многу сум среќен и горд што сум капитен и фудбалер на Интер. Во текот на изминатите 10 години, пораснав како играч и како личност. Верувам дека и во претстојната сезона ќе се бориме за трофеите“, изјави Хандановиќ за клупската телевизија на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови