
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, застана во одбрана на Ријад Махрез, кој промаши пенал во ремито без голови против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Со освоениот бод „граѓаните“ се зацврстија на првото место во групата и се пласираа во осминафиналето, а Гвардиола призна дека неговиот тим премногу често греши од белата точка.
„Се восхитувам на храброста на играчите кои изведуваат пенали. Се разбира, кога некој ќе пропушти да погоди, тешко му е. Ријад сакаше да постигне гол и беше првиот што собра храброст да шутира. На нашето претходно гостување во Дортмунд реализираше пенал и ни помогна да се пласираме во полуфиналето. Не знам дали Махрез ќе продолжи да ги изведува пеналите. Ќе размислува и ќе тренира. Многу играчи промашуваат пенали. Не знам дали тоа ни беше 24 или 25 промашување. Повеќето се во Лигата на шампионите. Тоа е проблем, но верувајте ќе најдеме решение“, изјави Гвардиола.
Норвежанецот Халанд го одигра само првото полувреме и не се истакна против својот поранешен клуб Борусија Дортмунд.
„Халанд имаше треска пред натпреварот, а Кансело доби удар, па ги сменивме на паузата. Доброто е што ја постигнавме целта и сме први во групата. Во вториот дел ја контролиравме играта, но претходно брзината на Борусија многу ни ја отежна работата. Донекаде нашите проблеми дојдоа од заморот од саботниот натпревар. Сепак, резултатот е добар и двата тима се задоволни“, додаде каталонскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
