Connect with us

Голема летна чистка во Манчестер Јунајтед – пристигнуваат пет засилувања, а неколку ѕвезди се на излезна врата

Манчестер Јунајтед се подготвува за сериозна реконструкција на тимот ова лето, пренесуваат медиумите на Островот. Клубот од „Олд Трафорд“ има пет приоритетни трансферни цели: Виктор Осимен (кој игра за Галатасарај, но е во сопственост на Наполи), Чави Симонс и Бењамин Шешко (двајцата од Лајпциг), како и Еберечи Езе (Кристал Палас) и Антоан Семењо (Борнмут).

Паралелно со плановите за засилувања, „црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат со неколку големи имиња. Клубот е отворен за продажба на Маркус Рашфорд, кој во моментов игра на позајмица во Астон Вила, Антони, Кашемиро и дури и Алехандро Гарначо.

Најголемо изненадување е токму Гарначо. Младиот Аргентинец има само 20 години и важи за еден од најперспективните играчи во тимот, иако неговите настапи оваа сезона беа променливи. Сепак, Јунајтед е подготвен да слушне понуди за него, иако „наоѓањето на соодветна цена нема да биде лесно“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови