Connect with us

Голем инцидент на дебито на Васоски за Сараево: Истрели и тепачка на трибините

На пријателскиот натпревар меѓу Сараево и Љубушки се случил голем инцидент, пишуваат босанските медиуми. Непознат сторител наводно решил да ги оштети возилата со кои гостите од Сараево пристигнале во Љубушки. Тоа беше дебитантскиот меч на македонскиот тренер Александар Васоски на кормилото на Сараево, а славниот босански клуб славеше со 4-0.


Возилата биле паркирани веднаш зад стадионот, а навивачите на Сараево кога виделе што се случува, истрчале од трибините да го заштитат својот имот. Притоа наводно оштетиле неколку столчиња на трибините на домашниот стадион. Инцидентот траел неколку минути, гореле факели, а во еден момент се слушнал и истрел.

Се тврди дека еден од мештаните пукал од огнено оружје за да ја смири ситуацијата и да ги растера конфликтните страни.

Навивачите не останаа на трибините до крајот на мечот, а по мечот сараевчаните мирно го напуштија теренот во Љубушки. Грдите сцени продолжиле подоцна во Мостар. Приведени се четири лица, а во Мостар се оштетени неколку возила. Едно маскирано лице било удрено од автомобил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови