
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, беше бесен поради исклучувањето на играчот од средниот ред, Едерсон, во поразот од 0-2 на домашен терен против лидерот во Серија А, Интер, во неделата, нагласувајќи дека тоа го уништило натпреварот.
Аталанта губеше со 0-1 кога Едерсон доби жолт картон во 81. минута поради приговор, а неговите саркастични аплаузи по одлуката на судијата му донесоа втор жолт картон и исклучување.
„Ова го расипа финишот на натпреварот, што е штета и за нашиот тим, но и за противникот и за гледачите на стадионот“, изјави Гасперини, кој исто така беше исклучен, за „ДАЗН“.
„Судијата претера во оваа ситуација. Едерсон е коректен играч. Вистина е дека згреши со аплаузите, но судијата го уништи натпреварот. Има многу полоши ситуации и зборови што се кажуваат на теренот од иронични аплаузи. По тој момент, натпреварот се распадна, а тоа е штета. Ова беше дуел меѓу првиот и третиот на табелата, но по црвениот картон веќе немаше фудбал“, коментираше Гасперини.
Првиот гол на Интер падна по корнер веднаш по продолжувањто на играта по прекин, додека навивач во гостинскиот сектор добиваше медицинска помош, а Гасперини беше запрашан дали тоа влијаело на тимот.
„Во првото полувреме се браневме многу добро од прекини, но потоа еден навивач мораше да добие медицинска помош и играта беше прекината, што влијаеше и на нас и на нив. Сигурно тоа не ни помогна во концентрацијата, а требаше да бидеме повнимателни. Често примаме голови од Интер на ваков начин, очигледно се посилни од нас“, изјави Гасперини.
Поразот ја остави Аталанта на шест бода зад врвот, но Гасперини не е подготвен да се откаже од битката за титулата и вети дека тимот ќе продолжи со борбата по репрезентативната пауза.
„По паузата има уште девет натпревари. Мораме да ја најдеме силата да ги одиграме на најдобар можен начин. Играјќи против еден од најдобрите тимови во Европа, се обидовме да се надигруваме и да победиме. Аталанта треба да биде горда на ваквите натпревари“, заклучи тренерот на Аталанта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal