Очекуваниот трансфер на Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед во Челси веќе е реализиран. Tој беше на „Стемфорд Бриџ“ и од трибините ја следеше победата на „сините“ над Фулам. Подоцна во текот на денот, двата клуба официјално го потврдија трансферот.
Челси ќе плати 40 милиони фунти за 21-годишниот Aргентинец, кој потпиша седумгодишен договор со својот нов клуб. Крилниот напаѓач е деветтото засилување на клубот ова лето.
„Црвените ѓаволи“ го проценуваа Гарначо на 50 милиони, додека првата понуда на „сините“ изнесуваше 25 милиони. На крајот, двата клуба се договорија за 40 милиони.
Ова е најголемата продажба на Манчестер Јунајтед во последните пет години и четвртата најголема во историјата на клубот. Во договорот е вклучена и клаузула за 10 проценти од идната продажба.
Гарначо сакаше да го напушти „Олд Трафорд“ уште од крајот на минатата сезона, кога остана на клупата во финалето на Лигата на Европа. Откако се појави интересот од Челси, неговата желба беше да заигра на „Стемфорд Бриџ“ и ги одби понудите од другите клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













