Connect with us

Фудбалерките до 19 години убедливи против Кипар

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да слави убедлива победа со 3-0 над соодветната селекција на Кипар во рамките на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.


Македонија одигра квалитетен меч, во секој сегмент од играта беше подобра и сосема заслужено оствари убедлива победа.

Јехона Велиу во 20. минута го отвори резултатот. Ајна Исејни зголеми на 2-0 во 30. минута, а потоа со својот втор гол во 72. минута ги постави конечните 3-0.

Вториот контролен меч, Македонија и Кипар ќе го одиграат утре во 16.30 часот на стадионот на ФК Турново.

Македонија: Берна Кабакчи, Матеа Блажеска, Лора Сулејмани, Едина Сулејмани, Кристина Мојсоска, Миа Головска, Јехона Велиу, Ера Стеблева, Веса Села, Ајна Исејни, Симона Мејер;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови