
Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг на тренинг-центарот на Фудбалската федерација на Македонија, со што и официјално започнаа подготовките за клучните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026 против Белгија и Казахстан.
Овој квалификациски прозорец е особено важен, бидејќи доаѓа по завршувањето на клупската сезона, кога фудбалерите се на границата на физичката издржливост. Сепак, селекторот Благоја Милевски верува дека тимот може да даде максимум.

„Очекувам многу подобро издание отколку минатиот јуни. Знаеме дека тој период по завршувањето на клупските сезони знае да биде незгоден, но мораме да извлечеме максимум. Имаме квалитет и мотивација“, истакна Милевски.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 6 јуни против силната селекција на Белгија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Поддршката од домашната публика ќе биде од огромно значење за нашите репрезентативци.
Три дена подоцна, на 9 јуни, Македонија гостува кај Казахстан во Астана, во нов обид за позитивен резултат и чекор поблиску до Мундијалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
