Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години на стадионот Тополица, Бар го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа под очекувањата и беа поразени со 3-0 од домаќинот.
Скробановиќ во 29. минута од средбата го постигна водечкиот погодок за Црна Гора. На 2-0 зголеми Вукчевиќ во 43. минута. Конечните 3-0 ги постави Перовиќ во последната минута од мечот.
Втората контролна средба помеѓу овие две репрезентации ќе биде одиграна на 4. мај со почеток од 12 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













