Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години денеска на стадионот Тополица, во Бар го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ остварија заслужена победа со 1-2.
Домаќинот прв поведе со 1-0 преку Вујишиќ во 29. минута. Македонија со голот на Ристовски десет минути подоцна го израмни резултат. Матески со гол во последната минута од натпреварот и донесе победа на Македонија.
Нашите млади фудбалери за разлика од првиот меч одигран меѓу овие две селекции, одиграа многу поквалитетно.
Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Никола Манојлов, Давид Ристовски, Алији Аљтин, Бојан Ивчески, Никола Стојковси, Милот Синани, Невем Костадинов, Веби Ислами;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













