Првиот летен трансфер на Ливерпул е веќе официјално потврден – Џереми Фримпонг пристигна на „Енфилд“ од Баер Леверкузен.
„Црвените“ ја активираа откупната клаузула од 35 милиони евра и не губеа време – го обезбедија потписот на холандскиот репрезентативец, кој потпиша петгодишен договор. Фримпонг ќе ја засили конкуренцијата на десната страна, каде што доаѓа како замена за Трент Александер-Арнолд, кој летово се пресели во Реал Мадрид.
Но, Фримпонг не е „само десен бек“. Овој експлозивен фудбалер може да покрие и офанзивни улоги по крилните позиции – па нема да биде чудно ако го видиме и во улога на Салах, особено кога Египќанецот ќе има пауза.
Новиот играч на Ливерпул не го криеше своето воодушевување:
„Кога Ливерпул се јави – не размислував воопшто. Им реков на агентите: направете што треба, јас сакам таму! Фанови, ќе добиете сѐ од мене – страст, борбеност и желба за победа. Возбуден сум што сум дел од овој клуб и едвај чекам да започнеме!“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













