Второлигашот Гостивар од денеска е без амбициозното раководство кое за брз период донесе многу позитивни промени во клубот и најавуваше амбиции за влез во елитата. Синоќа беше донесена одлука за повлекување од клубот, откако се создадоа тензии на етничка основа, преку коментари на социјалните мрежи.
ФК Гостивар на официјалниот фејсбук профил го честиташе големиот турски празник, а потоа следеа огромен број вулгарни коментари на етничка и расистичка основа.
МАКФУДБАЛ стапи во контакт со раководството на Гостивар во заминување. Потврдија дека дефинитивно заминуваат од клубот, потенцирајќи дека не сакаат да бидат дел од тензии на етничка и расистичка основа.
„Забележавме дека има етнички проблеми меѓу албанското и македонското население и не сакавме да бидеме дел од тоа. Сакавме да се фокусираме и да имаме комуникација преку социјалните мрежи со сите симпатизери и фанови на три јазика, македонски, албански и турски јазик. Беше објавена честитка за стогодишнина од Денот на победата на Турција. Следеа ужасни коментари. Ние ги респектираме сите граѓани на Гостивар и сите кои покажуваат љубов кон Албанија и кон Турција, а исто така ја респектираме и државата Македонија во која клубот егзистира и се натпреварува. Со оглед дека не сакавме да се создаваат дополнителни тензии и да останеме во добри пријателски односи со сите граѓани од било која националност, донесовме таква одлука“, велат од раководството на ФК Гостивар кое се повлекува од клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski