
Легендарниот англиски стопер Рио Фердинанд беше одушевен од Карим Бензема и синоќешното магично шоу на „Стемфорд Бриџ“. Бензема постигна три гола и го предводеше Реал Мадрид до победа од 3-1 над Челси.
Фердинанд во анализата на натпреварот истакна дека веќе треба да почнат да го гравираат името на Карим Бензема на „Златната топка“.
„Веќе треба да почнеме да го гравираме името на Карим Бензема на „Златната топка“. Нејзиниот следен победник е завршена приказна, бидејќи само еден може да ја преземе. Токму неуморниот стрелец Карим Бензема ги направи чекорите на Реал Мадрид до титулата и до полуфиналето во Лигата на шампионите. Реал лета на крилјата на Бензема“, изјави Фердинанд.
Бензема оваа сезона на 36 натпревари постигна 37 гола и и забележа 13 асистенции. Со хет-трикот против Челси дојде до 11 гола на осум натпревари во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
