Connect with us

Фабио Пекија нов тренер на Парма, ќе го има ли и Пандев во тимот?

Италијанскиот второлигаш Парма го именува Фабио Пекија за нов тренер. Тој во минатото работеше во Верона, Фоџа, беше асистент во Реал Мадрид, Наполи, Њукасл…Од него се очекува да создаде тим кој следната сезона ќе ја врати во италијанската фудбалска елита.

Прашањето што се поставува е дали и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе биде во составот што ќе го предводи Фабио Пекија? Претходно, ветеранот Пандев беше категоричен дека ќе ја заврши кариерата, но неговиот агент во последните изјави сепак најави можност за уште една, нова едногодишна соработка со Парма. Останува Гранде Пандев заедно со семејството да реши дали ќе продолжи со фудбалот или сепак ќе стави крај на богатата кариера.

Ја освои Лигата на шампионите со Интер, освои многу трофеи во Италија, а со фудбалската репрезентација на Македонија учествуваше и на Европско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови